Еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид, Карим Бензема ја коментираше наградата за најдобар стрелец во минатата сезона во Ла Лига.
„Горд сум на мојот настап. Мислам дека оваа сезона ќе биде тешка. Секогаш се стремам кон најдоброто. Сакам да постигнам уште повеќе и повторно да го освојам шпанското првенство. Ова е многу важна награда за мене. Би сакал да им се заблагодарам на моите соиграчи за помошта. Без нив немаше да има ништо. Нашите противници од година во година настојуваат да бидат пред Реал Мадрид во борбата за трофејот. Да видиме што ќе се случи оваа сезона“, изјави Карим Бензема за „Марка“.
Минатата сезона 34-годишниот фудбалер со Реал Мадрид стана шампион на Шпанија, а победи и во трката за голгетен на сезоната постигнувајќи 27 гола. Бензема оваа сезона има шест настапи за Реал Мадрид во сите натпреварувања, постигна четири гола и даде една асистенција.