Напаѓачот на Реал Мадрид и француската репрезентација Карим Бензема е прогласен за автор на најубавиот гол на завршницата во Лигата на нации.
Според официјалниот „Твитер“ профил на Лигата на нации, голот ккој го постигна Бензема на последниот натпревар на турнирот со Шпанија е најубавиот погодок постигнат на завршните натпревари.33-годишниот напаѓач ја прими топката во пред шеснаесетникот, по што со спектакуларен удар ја испрати топката во спротивниот горен агол. Ударот на Бензема се случи во 66. минута од средбата и овозможи на Франција да го израмни резултатот во финалето.
Конечната победа на Франција и ја донесе Килијан Мбапе , кој реализираше пенал 15 минути подоцна. Во тековната сезона, Бензема одигра 15 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 12 гола и 8 асистенции.