Карим Бензема продолжи со одлично претставување во дресот на Реал Мадрид и синоќа, кога постигна нови два гола во победата над Џирона со 3:1 во реваншот од Купот на Кралот.
Така Французинот ја надмина легендата Хуго Санчез и излезе на 6-то место по голови во историјата на Реал Мадрид, и веќе има 209 постигнати гола.
Пред него остануваат само неколку фудбалски икони на овој клуб како Ференц Пушкаш – 237, Карлос Сантиљана – 288, Алфредо ди Стефано – 307, Раул Гонзалес – 323 и Кристијано Роналдо – 451.
Сепак на Бензема му беа потребни доста повеќе натпревари, за да ги постигне овие голови – 446, додека Санчез го направи тоа само за 283 натпревари, но постигнувањето на Французинот дефинитивно не треба да се потценува.
Погодоците на Бензема се распредели на следниов начин: 136 во првенството, 47 во Лигата на Шампионите, 20 во Купот на кралот, 3 на светското клубско првенство, 2 во Суперкупот на Шпанија и 1 во Суперкупот на Европа, на тој начин тој постигнал голови во сите натпреварувања во кои учествувал.

