Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема наскоро ќе го продолжи договорот со тимот до 2024 година. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер. Актуелниот договор меѓу двете страни истекува на крајот од сезоната.
Бензема (34) дојде во Реал Мадрид во летото 2009 година од Олимпик Лион. Напаѓачот постигна пет гола и даде асистенција на 10 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.
Претходно беше објавено дека францускиот напаѓач вечерва, за прв пат во кариерата ќе стане сопственик на Златната топка на церемонија која се одржува вечерва.