Напаѓачот Карим Бензема постави рекордот во дресот на Реал Мадрид на натпреварот од 20.коло од шпанското првенство против Валенсија, беше објавено по натпреварот.
Напаѓачот постигна гол на оваа средба, постигнувајќи еден од головите од пенал. По натпреварот беше објавено дека напаѓачот ги реализирал сите 15 пенали кои ги шутирал за Кралскиот клуб (13 во шпанското првенство, 1 во Купот на Шпанија и 1 во Лигата на шампионите) и станал единствениот играч во историјата на Реал Мадрид кој реализирал толкав број на удари од 11 метри и не погрешил.
Самиот натпревар заврши со убедлива победа на Реал Мадрид со резултат 4:1. Реал Мадрид има освоено 49 поени од 21 натпревар во Ла Лига и се наоѓа на првото место на табелата , додека Валенсија со 28 бодови се наоѓа на 9. место.

