Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти уште еднаш забележа достигнување со кое може да биде исклучително горд. Предводнинот на Реал Мадрид синоќа го имаше мечот број 300 на чело на шпанскиот гигант.
Ова се случи на вчерашниот натпреварот со Алавес од 7. коло на Ла Лига. Во овие 300 натпревари под водство на италијанскиот стручњак, Реал Мадрид победи на 218 натпревари, 43 пати ремизираше и имаат само 39 порази.

Само еден тренер има повеќе натпревари на чело на Реал Мадрид – Мигел Муњоз (605 натпревари). Овие тренери го делат првото место по број на освоени трофеи со клубот – по 14. Карло Анчелоти го водеше тимот на 197 натпревари во Ла Лига, 64 натпревари од Лигата на шампионите, 24 Копа дел Реј, 8 шпански Суперкупа, 4 Светски клупски првенства и 3 Суперкупа на Европа.

