Синоќа Реал Мадрид ја победи Аталанта во натпреварот од Суперкупот на УЕФА. Средбата заврши со резултат 2:0. Головите ги постигнаа играчот од средниот ред Федерико Валверде и новото засилување Килијан Мбапе.
На овој начин тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се израмни со Мигел Муњоз по бројот на освоени трофеи во историјата на Кралскиот клуб – 14 трофеи.
Второто место е а Зинедин Зидан, кој со Реал Мадрид освои 11 трофеи. Првата петорка ја комплетираат Луис Моловни (осум трофеи) и Висенте дел Боске (седум трофеи).
Анчелоти двапати го водеше Реал Мадрид. За време на неговиот прв мандат од сезоната 2013/2014 до сезоната 2014/2015, италијанскиот специјалист освои четири трофеи. Второто назначување на тренерот се случи во сезоната 2021/2022. За три сезони, Анчелоти освои 10 трофеи, вклучувајќи и два во Лига на шампиони.

