Карлос Алкараз е нов шампион на Вимблдон – најпрестижниот тениски турнир во сезоната. Младиот шпански тенисер во едно епско финале кое што траеше скоро пет часа успеа да го совлада големиот шампион Новак Ѓоковиќ и по пет сета го забележа најголемиот успех во својата кариера.
Седумкратниот освојувач на Вимблдон финалето го започна одлично. Играше речиси без грешка и ја користеше секоја грешка на Алкараз и го доби првиот сет со 6:1. По катастрофалниот прв сет, во вториот шпанскиот тенисер конечно успеа да се справи со притисокот и заигра како што треба. Двајцата тенисери играа на високо ниво, за во тај-брејк поуспешен да биде Алкараз (8:6) и да израмни на 1:1 во сетови.
Во третиот сет, Алакраз беше тој кој што диктираше темпо на теренот. 20-годишниот Шпанец уште во првиот гем направи брејк и тргна во нова офанзива. Досега невидено нешто се случи во петтиот гем – сервираше Ѓоковиќ и гемот траеше дури 26 минути, а на крај се радуваше Шпанецот, кој со нов брејк си обезбеди предност која што беше недостижна ниту Ѓоковиќ (6:1).
Следуваше четвртиот сет во кој Ѓоковиќ врати со одлична игра 6:3 и израмни на 2:2. Одлучувачкиот сет го доби Алкараз, тој успеа да направи брејк и да не му дозволи на Ѓоковиќ да врати и да дојде до израмнување и го доби последниот сет со 6:4 за триумф од 3:2 на Вимблдон.