Фудбалерот од средниот ред на репрезентацијата на Колумбија, Карлос Санчез е вториот најбрзо исклучен фудбалер на натпревар на светските првенства. Санчез денеска заработи црвен картон по само неполни 3 минути на средбата со Јапонија, која патем неговата селекција ја загуби со 2:1.
Санчез беше отстранет од игра по само 2:56 минути, откако намерно со рака го изблокира шутот на Шинџи Кагава.
Најбрзиот црвен картон во историјата беше доделен на СП во Мексико во 1986 година, кога дефанзивецот на Уругвај, Хозе Батиста беше отстранет од теренот по само 54 секунди.