Извршниот директор на Сасуоло, Џовани Карневали, вели дека Давиде Фратези е многу блиску до трансфер во Интер. Тој потврди дека цената на италијанскиот фудбалер е 40 милиони евра.
„ Верувам дека кој ќе дојде прв ќе има најголеми шанси да го направи договорот. Интер досега ги презеде првите чекори“ – вели Карневали.
„Самиот играч сака да замине во врвен клуб а ние сакаме тоа да се случи под наши услови“ – вели директорот на Сасуоло.