„Локатели сака да замине во Јувентус“ – објави спортскиот директор на Сасуоло, Џовани Карневали, по сите шпекулации околу можен трансфер на напаѓачот во редовите на „старата дама“.
„Ќе треба да се договориме со Јувентус бидејќи Локатели има понуда и од англиски клубови“ – објaсни како стојат работите Карневали.
Според него, Сасуло ќе продава играчи само до 8 август а потоа ќе ги прекине сите преговори за можни трансфери.