Кошаркарот, Винс Картер, кој има осум учества во „Ол Стар“ мечевите во НБА, најави дека ќе ја реализира 22-та сезона и тоа во дресот на Атланта Хокс.
Тоа значи дека Картер кој во јануари ќе наполни 43 години ќе ги надмине Дирк Новицки, Кевин Гарнет, Кевин Вилис и Роберт Париш кои имаат одиграно по 21-на сезона. Тој воедно ќе биде и највозрасниот активен играч во НБА конкуренцијата.
Картер ја започна кариерата во 1998 година во тимот на Торонто а потоа ги бранеше боите на Њу Џерси, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис и Сакраменто.