Дефанзивецот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Дани Карвахал, по вчерашната елиминација од Ајакс во Лигата на шампионите, признава дека сезоната за „кралскиот„ клуб е речиси завршена.
„Ние загубивме се за краток период а тоа се случи токму на нашиот терен. Ајакс беше подобар од нас, ја заслужи победата, ние не го одигравме мечот како што знаеме и умееме. Тоа дојде по двата пораза во серија од Барселона“ – вели Карвахал.
„Ние ќе продолжиме да се бориме и да бидеме професионалци иако сезоната за нас е готова, не можеме да го криеме тој факт, едноставно не можам да го објаснам тоа што се случи“- заклучи бекот на Реал Мадрид.