Фудбалскиот тим на Реал Мадрид потврди дека дефанзивецот Дани Карвахал кој се повреди на средбата со ЦСКА Москва во Лигата на шампионите ќе мора да паузира извесен период.
26. годишниот фудбалер допрва ќе мора да направи посебни анализи кои ќе одредат колку време ќе биде надвор од ростерот на „кралевите“.
Тоа му создава дополнителни проблеми на тренерот Лопетеги, кој ќе мора да го формира составот без тројца стандардни бидејќи на листата на повредени фигурираат и Марсело и Иско. Згора на тоа и Герет Бејл не е фит со повредата што ја има подолг период.