Шпанскиот дефанзивец, Дани Карвахал, ќе биде подготвен за настап на Светското првенство во Русија кое ќе започне на 14 јуни, објавија дел од медиумите во неговата татковина.
Тој се повреди во саботното финале во Лигата на шампионите против Ливерпул и мораше да ја напушти играта уште во првиот дел. Денеска пристигнаа одлични вести за дефанзивецот. Лекарите по деталните прегледи објавија дека Карвахал ќе биде подготвен за настап во Русија.
Да потсетиме, Шпанците се во групата со Португалија, Мароко и Иран а првиот меч ќе го одиграат против Португалија на 15-ти јуни во Сочи.