Репрезентативецот на Португалија, Вилијам Карвањо, го напушти составот на Спортинг и се пресели во редовите на Бетис.
26 годишниот фудбалер кој речиси целата кариера ја помина во екипата од Лисабон, сега потпиша договор за дури 5 години со тимот од Примера Дивизион. Црномурестиот фудбалер за Спортинг има реализирано околу 200 мечеви а за селекцијата на Португалија има одиграно 47 натпревари.
Тој беше дел и од Мундијалот во Русија кога неговата селекција отпадна во фазата на елиминации.