Поранешниот напаѓач на Рома, Антонио Касано даде свое мислење за скандалот со финансиска измама во Јувентус, поради кој вчера „бјанконерите“ беа казнети со 15 бода.
Говорејќи на „BoboTV“, Касано, кој вообичаено е еден од најголемите критичари на Јуве, изненадувачки ги поддржа, изразувајќи го својот гнев поради одлуката:
„Одземање бодови за Јувентус? Ќе го кажам само ова: ако тоа важи за Јуве, треба да важи за сите тимови во италијанскиот фудбал, бидејќи очигледно за Јувентус се пишува на 50 страници во весниците, а сите останати – со ситни букви“, објасни екс италијанскиот фудбалер
„Да не мислиме дека само Јувентус ги направи овие работи, ако навистина ги направи. Сите други тимови ќе бидат таму бидејќи законот треба да важи за сите“, продолжи Касано.
„Ако зборуваме за капитални добивки, тука треба да се знае се. Не го оправдувам Јувентус, ако згрешиле, правилно е да ги сносат последиците, дури и да одат во Серија Б, Ц итн. ., но тоа треба да важи за сите и мислам дека ако навистина направат овие работи овде да важат за сите, нема да биде само Јуве, ќе има лавина тимови во Серија Б, Ц итн. убеден сум во тоа“, заклучи поранешниот играч на Рома, Милан и Интер.