Провокативниот италијански напаѓач Антонио Касано на нему типичен начин го искажа своето размислување за состојбата на фудбалот во моментов и сегашните фудбалери во Серија „А”. Касано стави конечен крај на кариерата вчера, а пред тоа даде интервју во кое ги сподели своите ставови за состојбата во италијанскиот фудбал.
„Фудбалот во 1999-та година беше најдобар. Сега сите се лиглевци. Оставете ги настрана Јувентус и Игуаин, кој сега игра за Милан. Сакам да ми потенцирате еден шампион. Фабио Капело е најдобриот тренер со кого сум работел, а Галијани е најдобар спортски директор во Серија „А“ во последниве години. Тоти е најдобар италијански фудбалер заедно со Баџо и Малдини. најслабиот тренер со кого сум работел? Би рекол Андреа Страмачони”, истакна Касано во интервју за „Le Iene Show “.

„Во моментов Јувентус неспорно е најдобриот тим во Италија и еден од најстабилните клубови во Европа. Јувентус не е за мене. Ако потпишам со нив, на третиот ден ќе си заминам. Прво ќе потпишам, потоа ќе одржам тренинг, а потоа ќе се изнервирам и ќе си заминам”, коментираше Касано.
