Поранешниот италијански фудбалер, Антонио Касано, проговори за напаѓачот на Манчестер Јунајтед и Португалија, Кристијано Роналдо .
„Драг Кристијано, дали си возбуден? Слушај ме внимателно: силен си, многу си освоил, феноменален си но, секогаш си втор. Дали знаете на кого личите? На мене? Не, на Тото Кутуњо, секогаш втор!“ – го цитира Касано Fanpage.it
Тото Кутуњо е познат италијански изведувач и композитор кој го освои второто место шест пати на фестивалот за музика во Санремо.