Антонио Касано, една од легендите на италијанскиот фудбал, изјави, дека ќе ги стиска палците и ќе навива од се срце за Рома на денешниот меч со Ливерпул во полу-финалето на Лигата на шампионите.
Тој настапуваше за „римската волчица“ од 2001 до 2006 година. Римјаните денеска од 20.45 часот ќе се појават на „Енфилд Роуд“ и ќе се обидат да извлечат поволен резултат за реваншот кој е закажан за една недела на „Олимпико“ во Рим.
„Јас ќе навивам за Рома. Се надевам дека ќе ја освои Лигата на шампионите. Ќе биде тешко против Ливерпул. Бев на мечот со Барселона и бев фрапиран од конечниот резултат. Навистина бев презадоволен во перформансите на тимот ” – изјави Касано.