Антонио Касано, поранешниот напаѓач на Милан и Интер, изјави дека „нероаѕурите“ мора да играат со седум младинци за да бидат елиминирани од „росонерите“. Интер на денешниот реванш од полуфиналето влегува со предност од 2-0.
„Интер мора да игра со седум младинци за да испадне. Со или без Леао, тоа е многу мала промена бидејќи Милан е едноставно слаб“ – вели Касано.
„Мора да има некаква катастрофа за Интер да испадне. Можеби давам погрешно предвидување“ – изјави Касано