Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Антонио Касано, ја коментираше големата моќ што ја има претседателот на клубот, Флорентино Перез.
„Реал Мадрид е различен од сите други. Во моментов, Флорентино е папа, крал и кардинал. Перез ќе одлучи дали ќе останете. Еве Модриќ требаше да замине, но, остана и ја освои Златната топка. Истото беше и со Фабио Канаваро“ – вели Касано.
„Пред неколку години, Златан Ибрахимовиќ се пошегува дека Перез секогаш ја освојува „Златната топка “ и дека Меси со бори со него а не со Кристијано Роналдо“ – изјави Касано.

