Бразилскиот фудбалер во редовите на Манчестер Јунајтед, Касемиро, нема желба да ја прифати понудата од Баерн Минхен.
Наводно, искусниот играч одбил да замине во Германија иако Баварците се обиделе да го ангажираат.
Фудбалерот има договор до летото во 2026 година. Тој во последната сезона одигра 32 меча на кои даде 5 голови и направи 3 асистенции.