Бразилскиот фудбалер, Касемиро, кој беше еден од најдобрите во редовите на Манчестер Јунајтед, се осврна на дебитантската сезона кај „црвените ѓаволи“.
Тој преку социјалните мрежи им се заблагодари на фановите за поддршката и вети дека тимот ќе се врати на шампионските патеки.
„Славните денови мора да се вратат. Јас дојдов за тоа, напред Јунајтед“ – без зборовите на одличниот играч за врска.