Бразилскиот фудбалер, Касемиро, кој во текот на измиматото лето се пресели до Шпанија во Англија, вели дека фудбалот на Островот е далеку подинамичен и поинтересен од тој што се игра на Пиринеите.
Играчот на Манчестер Јунајтед кој пред да дојде на „Олд Трафорд“ освои многу трофеи со Реал Мадрид, нагласи дека тоа сака да го направи и со „црвените ѓаволи“ во еден од најтешките шампионати на светов.
„Не сакам да ја потценувам Ла Лига но, во Англија натпреварите се подинамични. Топката брзо се менува во посед на противниците“ – потенцираше Касемиро.