Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Касиљас го одигра 1000-от натпревар во кариерата
    Фудбал

    Касиљас го одигра 1000-от натпревар во кариерата

    risteBy riste03/04/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Легендарниот голман Икер Касиљас го одигра натпреварот број 1000 во својата  кариера. Ова се случи синоќа при вчерашниот пораз на Порто од Белененсес со 2:0 во португалскиот шампионат. Ова беше втор пораз во последните три натпревари за Порто.

    Касиљас има 725 натпревари за Реал Мадрид, 108 за Порто и 167 за репрезентацијата на Шпанија. Со своите 1000 средби тој е втор Шпанец во ова рангирање. Прв е Раул, кој ја заврши својата кариера со 1033 натпревар, а трет е Андони Зубизарета (968) и Чави (956).

    Почетокот на кариерата на Касиљас е доста интересен. На 26 ноември 1997 година тој со само на 16 години дебитираше за својата екипа. Беше потребно да ги пропушти часовите во училиште, бидејќи беше повикан од Јуп Хајнкес во првиот тим на Реал Мадрид. Другите двајца голмани – Бодо Илигер и Сантијаго Канизарес беа повредени. Така, Касиљас за прв пат беше дел од првиот тим на Реал Мадрид. Неговото деби за кралскиот клуб беше на 12 септември 1999 година, против Атлетик Билбао.

    Со Реал Мадрид Касиљас пет пати ја освои шампионската титула, два пати Купот на кралот, четири пати Суперкупот на Шпанија, три пати Лигата на шампионите, два пати Суперкупот на Европа, еднаш светското клубско првенство и еднаш Интерконтиненталниот Куп. Со Шпанија еднаш беше светски шампион (2010) и двапати европски шампион (2008, 2012).

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Мартинели потпишал нов договор со Арсенал

    03/02/2023

    Ако не влезе во ЛШ, Челзи ќе го прекрши финансискиот фер-плеј

    03/02/2023

    Јуве сака да го раскине договорот со Погба

    03/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    • Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого
    • Мартинели потпишал нов договор со Арсенал
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.