Голманот на Порто, Икер Касиљас ја објави својата кандидатура за претседател на Кралската фудбалска федерација на Шпанија (РФЕФ), јавуваат медиумите во Шпанија.
Според истет извори, сегашниот претседател на Федерацијата, Луис Рубиалес, ќе добие сериозен противник пред изборите.
Се соопштува дека поранешниот голман на шпанската репрезентација веќе се имал средба со поранешни колеги од репрезентацијата, со надеж дека ќе ја обезбеди нивната поддршка во претстојната борба против Рубиалес. Претходно беше објавено дека односите меѓу него и Касиљас се влошени. Изборот за претседател на Федерацијата треба да се одржи оваа есен.
Да потсетиме дека во пролетта 2019 година, Касиљас имаше срцев удар на еден од тренинзи. Во моментов поранешниот голман на Шпанија се чувствува добро, а емдицинскиот персонал на клубот му дозволи да се врати во клубот откако го помина периодот на рехабилитација. Во ноември, Касиљас се врати на тренинзите, но постојат сомнежи дека голманот нема да може да настапува на високо ниво.