Играчот од средниот ред на Арсенал, Санти Касола се збогуваше со навивачите на лондоснкиот клуб по социјалните мрежи. 33-годишниот Шпанец ги напушта “топчиите” по шест сезони минати во тимот.
„Тажно е што си заминам по толку одлични години. Секогаш ќе се сеќавам моментите со дресот на Арсенал. Вие, навивачите, секогаш ме поддржувавте и ќе ми недостигате. Ви благодарам за сè“, напиша Касорла на Твитер.
Се очекува играчот од средниот ред да се врати во својот претходен тим Виљареал.