Атлетико Мадрид преговара за дефанзивецот на Селта, Џонатан Кастро, кој има откупна клаузула од 18 милиони евра.
Се претпоставува дека двете страни ќе постигнат договор и дека младиот фудбалер ќе и се придружи на четата на Диего Симеоне која е актуелен освојувач на Лигата на Европа. Кастро може да игра во центарот на одбраната и на позицијата лев бек што му се допаѓа на тренерот на Атлетико.
Во истовреме се појавија шпекулации дека и клубови од Англија се заинтересирани за фудбалерот на шпанскиот состав, но, дека Атлетико е во најповолна позиција да го обезбеди неговиот потпис.