Челниците на Барселона ќе се обидат да ангажираат дефанзивец бидејќи Алеандро Балде и Марко Алонсо се соочуваат со сериозни повреди и ќе паузираат подолг период, објавија дел од медиумите.
Бидејќи тренерот Чави остана само со Жоао Кансело и младиот Хектор Форт на левата бековска позиција, јасно е дека ќе мора да се ангажира уште еден краен дефанзивец.
Повеќе од јасно е дека Барса ќе инсистира да донесе играч на позајмица бидејќи се соочува со лоша финансиска ситуација.
