Шпанската Барселона понудила големи 112 милиони евра за напаѓачот на Аргентина, Лаутаро Мартинез, кој остави силен впечаток со досегашните настапи на тековниот фудбалски собир – „Копа Америка“.
Младиот играч кој во девет мечеви во дресот на „гаучосите“ има постигнато пет голови, во претходната година беше купен од италијанскиот Интер за скромни 14 милиони евра. Тоа што значи дека „нероаѕурите“ доколку и го продадат на Барса, ќе имаат огромна заработка.
Во тој случај тимот од Милано ќе има доволно средства да му ја исполни желбата на тренерот, Антони Конте и да ги купи напажачите Ромелу Лукаку (Манчестер Јунајтед) и Един Џеко (Рома).

