Во шпанскиот дел на Пиринеите, Барселона ќе го пречека Наполи. Првата средба на „Чизмата“ заврши 1:1. Тоа ќе биде втора пресметка на двајца најдобри напаѓачи во европскиот фудбал кои погодија во Неапол.
Роберт Левандовски и донесе предност на Барселона а Виктор Осимен го спаси неговиот тим од пораз. Наполи не успеа да постигне гол само на еден од последните 14 натпревари во клупското натпреварување на УЕФА против шпански тимови. Од другата страна, Левандовски има 18 голови во 21 настап во осминафиналето.
Можни состави. Барселона: Тер Штеген; Кунде, Араухо, Кубарси, Мартинез, Жоао Кансело, Кристенсен, Гундоган; Јамал, Левандовски, и Рафиња. Наполи: Мерет; Ди Лоренцо, Остeгард, Хесус, Мацоки; Ангиса, Лоботка, Траоре, Политано, Осимен и Кварацхелија. Судија ќе биде Дени Мекеле од Холандија.