Фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, може да добие понуда да се пресели во Барселона иако имаше шпекулации дека за неговиот потпис е заинтересиран Реал Мадрид, наведуваат медиумите во Шпанија.
23-годишниот Канаѓанец одигра пет средби во бундес лигата и две во Лигата на шампионите во тековнава сезона.
Неговата трансферна вредност е околу 50 милиони евра.

