Фудбалерот на РБ Лајпциг, Дани Олмо, може да го обелече дресот на Барселона. Наводно, луѓето од „Камп Ноу“ сакаат првично да го ангажираат на позајмица а дури потоа да му го откупат договорот.
Германскиот состав за потписот на одличниот напаѓач бара 75 милиони евра. 23-годишниот играч претходно ги бранеше боите на Динамо Загреб.
Тоа значи дека и Хрватите според една од клаузулите во договорот, ќе добијат одредена сума од колачот доколку Олмо заигра во Примера Дивизион.