Хрватските медиуми утрово пишуваат дека актуелниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација може да седне на кормилото на селекцијата на Катар. Веста, наводно, доаѓа од еден катарски новинар, кој тврди дека Златко Далиќ веќе ги договорил условите за соработка со новите работодавци.
Засега нема никаква реакција од Хрватската федерација, па медиумите се уште се во исчекување на официјална потврда или демант на оваа информација. Инаку, договорот на Далиќ со Хрватската федерација е до летото 2026 година и се планира тој да ја води репрезентацијата во финалето на Лигата на нации и квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

