Катар официјално го отвори првиот од седумте фудбалски стадиони за СП во 2022 година. Навивачите го наполнија до последно место стадионот „Ал-Џануб“ кој има капацитет од 40.000 места за седење.
На овој стадион се одигра финалето на „Купот на Емиратите“ на температура 10 степени под оние 29 степени целзиусови кои биле надвор од стадионот.
„Ал-Џануб“, всушност, требаше да се вика „Ал-Вакра“, но катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, пред самото отварање изјавил дека името на стадионот е променето. „
Ал-Џануб“ е стадионот со целосно ладење и е прв од седумте фудбалски арени специјално изградени за Светското првенство во 2022 година.