Кавадарци во следните три дена ќе биде домаќин на велосипедската кадетско-јуниорска балканска елита. Во организација на Велосипедската федерација на Македонија, а под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и Општината Кавадарци, ќе се одржи еден од најмасовните велосипедски настани во Македонија.
Предвидено е учество на 12 држави од Балканот, членки на Балканската велосипедска унија (BCU), а секоја држава може да учествува со максимум по 14 велосипедисти во машка и во женска конкуренција.
Рангирањето е во поединечна конкуренција, а победникот во секоја категорија ќе ја понесе титулата – балкански шампион.