Ново засилување на Манчестер Ј., Единсон Кавани со нетрпение го очекува своето деби во Премиер лигата и е убеден дека може да ја понесе тежината на дресот со број 7. Во минатото овој дрес го носеа легендите на тимот Џорџ Бест, Ерик Кантона, Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо.
“Кога ќе стапнете на теренот, бројот на грбот го губи значењето. Исто така, откако ќе добиете шанса да носите дрес со број 7 во Јунајтед, мора да го зграпчите. Тој е одговорност и верувам дека можам да ја поднесам. Се надевам дека е така, изјави 33-годишниот напаѓач.

