Единсон Кавани продолжува да биде дел од плановите за трансфер на Атлетико Мадрид. Од Атлетко се обидоа да го земат уругвајскиот напаѓач пред една година, но тогаш ПСЖ побара превисока цена и договорот пропадна.
Кавани сега е резервна опција за Атлетико во случај преговорите со Луис Суарез да не завршат успешно. Весникот „Л’Екип“ откри дека синоќа претставниците на шпанскиот клуб се состанале во Париз со луѓе од блискиот круг на Кавани, вклучувајќи го и неговиот брат, кој дејствува како негов агент.
Двете страни разговарале за условите за потпишување на двегодишен договор, но сето тоа зависи од исходот на ситуацијата со Суарез.