УЕФА објави тројца фудбалери кои ќе претендираат да ја добијат титулата за најдобар играч во Лига Европа за сезоната 2020/2021 година.
На списокот се најдоа напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани и играчот од средниот ред, Бруно Фернандеш исто така од оваа екипа, како и напаѓачот на Виљареал, Жерард Морено. Жерард Морено стана најдобар стрелец во ова натпреварувањ. Напаѓачот постигна седум гола, имаше пет асистенции и беше главната ударна сила за Виљареал, кој ја освои Лигата на Европа за прв пат..
Манчестер Јунајтед се пласираше во финалето во 2021 година, а голем дел од заслугата отидоа кај Кавани и Фернандеш. Добитникот на наградата ќе биде објавен на 27 август на ждрепката за групната фаза во Лига Европа во Истанбул.