Тројца репрезентативци на Уругвај – Единсон Кавани, Хозе Марија Хименез и Фернандо Муслера, може да добијат забрана за настап во период од 6 месеци.
Тие се под истрага од страна на ФИФА поради нивното непримерно однесување по елиминацијата на тимот од Светското првенство во Катар. Евентуалните санкции ќе се применуваат и на клупско ниво.
Кавани игра во Валенсија, Хименез е во Атлетико Мадрид а Муслера во Галатасарај. Сите тројца имаат рок до 9 јануари да одговорат на обвиненијата од страна на ФИФА.