Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, потврди дека напаѓачот, Единсон Кавани и капитенот, Тијаго Силва, ќе ги напуштат редовите на францускиот шампион откако ќе заврши сезоната во Лигата на шампионите.
Нивните договори истекуваат на крајот од месецов и нема да им бидат продолжени, но, според одлуката на УЕФА, двајцата ќе може да останат во клубот се додека не заврши меѓународната конкуренција за тековнава сезона.
„Беше тешка одлука, тие оставија белег во историјата на клубот“ – изјави Леонардо. ПСЖ беше прогласен за шампион на 30 април кога француската лига поради пандемијата со ковид-19 реши да стави крај на сезоната