Уругвајскиот напаѓач, Единсон Кавани ќе добие 10 милиони евра по сезона во португалскиот гигант Бенфика. Така тврди популарниот новинар Џанлука Ди Марцио во објавата на неговиот Твитер профил.
Според неговите информации, Кавани се очекува да потпише 3-годишен договор во понеделник, 24 август. Уругваецот е слободен агент од 1 јули, кога му истече договорот со ПСЖ.
„Бенфика е одличен клуб и тимот е секогаш конкурентен. Ќе имам среќа ако одам таму”, коментираше Кавани пред неколку дена.