Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека напаѓачот Единсон Кавани би можел да дебитира на денешното дерби со Челзи.
„Единсон не играше долго време, му требаше време да се подготви. Сега Кавани е во форма. Тој беше во карантин две недели, но ние му ги обезбедивме сите услови, опрема за тренинг и план за работа. Тој ни испраќаше видеа и податоци за реализираните тренинзи секој ден. Кавани не беше подготвен да игра против ПСЖ, беше рано, сè уште не беше во форма. Сега Едисон ја заврши целата потребна работа, се надевам дека е подготвен за мечот против Челзи“, изјави Солскјер за „Скај Спорт“.
Едисон Кавани премина во Манчестер Јунајтед со слободен трансфер.

