Уругвајскиот фудбалски голгетер од тимот на ПСЖ, Единсон Кавани, може да го заземе местото на Антоан Гризман во Атлетико Мадрид доколку Французинот се определи да направи трансфер во големиот ривал Барселона.
Познато е дека Кавани има лоша комуникацоја со првата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар и дека ја наметна дилемата дали ќе остане на „паркот на принцовите“. Згора на тоа, неговиот тим мора да се ослободи од неколку фудбалери за да ги исполни условите околу финансискиот фер-плеј на УЕФА и да ги избегне евентуалните санкции.
Засега нема попрецизни информации дали одличниот напаѓач стапил во контакт со челниците на Атлетико Мадрид и дали ќе се направи големиот трансфер.