Напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани не ја исклучува можноста да остане во францускиот тим.
33-годишниот Уругваец е подготвен да размисли за продолжување на кариерата во Париз и да разговора за новиот договор со клубот, објавија од веснико „Л‘Екип“. Актуелниот договор на Кавани со парижаните истекува на крајот на јуни оваа година.
Информациите кои изминатите денови беа објавувание се дека Наполи, Атлетико Мадрид и Бока Јуниорс имаат интерес за Кавани. 33-годишниот Кавани има постигнато 7 гола и 3 асистенции на 22 натпревари за францускиот шампион ПСЖ оваа сезона.