Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Кавани не планира да го смени планот, сака да игра во Ла лига
    Фудбал

    Кавани не планира да го смени планот, сака да игра во Ла лига

    risteBy riste15/03/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани нема намера да го промени планот да го напушти Манчестер Јунајтед како слободен играч во текот на летниот преоден рок.

    Ова на својот Твитер профил го објави Фабрицио Романо, новинар на ТВ каналот Скај Спорт Италија. Приоритетна опција за Кавани е преселба во тим кој настапува во шпанското првенство. Исто така, се истакнува дека за напаѓачот се заинтересирани клубови од Јужна Америка.

    Кавани (35) игра за Манчестер Јунајтед од октомври 2020 година. Уругваецот има 19 гола и 7 асистенции на 55 натпревари за „црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања.

    Манчестер Јунајтед по 29. коло е на петтото место во Премиер лигата со 50 бодови. Следниот натпревар на тимот е на 2 април на домашен терен против Лестер Сити.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.