Едисон Кавани е подготвен да ја продолжи кариерата во Јужна Америка. Според медиумите во Бразил, неговиот следен клуб би можел да биде Атлетико Минеиро. Имаше одредени информации дека за 33-годишниот напаѓач има интерес од Лидс Јунајтед, Бенфика и Интер Мајами.
Играчот го напушти ПСЖ, откако му истече договорот на крајот на јуни и е слободен играч. Според бразилските медиуми, Кавани со задоволство ќе се врати во Јужна Америка доколку неговите претставници постигнат договор со Атлетико Минеиро.
Во меѓувреме, Уругваецот објави серија видеа на социјалните мрежи во кои демонстрираше како се подготвува. Тоа покажуваат дека тој е во одлична физичка состојба.

