Уругвајскиот фудбалски напаѓач, Едисон Кавани, потпиша едногодишен договор со Манчестер Јунајтед со опција да остане дополнително уште една сезона.
„Манчестер Јунајтед е еден од наголемите клубови на светот и голема е честа да се биде тука“ – изјави Кавани.
„Најмногу се радувам е враќањето на навивачите на трибините. Се надевам дека тоа ќе се случи многу брзо.“ – потенцираше новиот играч на „црвените ѓаволи“ кој ќе го носи бројот седум.