Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Казахстан е следна пречка за младите фудбалери на Македонија
    Фудбал

    Казахстан е следна пречка за младите фудбалери на Македонија

    risteBy riste15/10/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денес ќе го одигра својот трет натпревар од квалификациите за ЕП 2021 година.

    Противник на нашите млади фудбалери е селекцијата на Казахстан, репрезентација која досега има одиграно 4 натпревари и остварено 2 победи и 2 порази, но интересно е тоа што и двете победи ги реализираше на гостински терен. Токму ова треба да биде предупредување за нашите фудбалери кои за противник денес имаат селекција која игра добро на гостувањата. Македонија на стартот на овие квалификации оствари две победи, против Фарски Острови (7:1) на домашен терен и Црна Гора (2:1) во Подгорица.

    Сепак за да се продолжи серијата на победи потребно е и денес избраниците на селекторот Благоја Милевски да одиграат квалитетно, борбено и да слават на средбата со Казахстан. Во нашата репрезентација се свесни дека ова нема да биде лесен натпревар затоа шро казахстан располага со доста квалитетни, силни и технички добро подготвени играчи, а  за да се дојде до победа ќе треба да се исполнат сите задачи од селекторот Милевски.

    Натпреварот Македонија – Казахстан се игра денес од 14.30 часот на теренот на ФФМ (Тренинг центар „Петар Милошевски“), а ќе можете да го следите и низ нашата програма. Во нашата група пподоцна ќе играат уште Израел – Фарски Острови и Црна Гора – Шпанија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Барселона ќе остане и без Рафиња за Ел Класико

    30/09/2023

    По 16 години, Зенит прими три гола во едно полувреме

    30/09/2023

    Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот

    29/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Барселона ќе остане и без Рафиња за Ел Класико
    • По 16 години, Зенит прими три гола во едно полувреме
    • Лина Ѓорческа ќе игра финале во Србија
    • Заборски и Стојановиќ во битка за бронза на Светската карате Премиер лига
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.